Четири провалници биле откриени вчера утрината од страна на лицата за обезбедување во скопската Зоолошка градина благодарениe на лавот Чака кој се возбудил и почнал да рика на натрапниците, објавува СДК.
Во зоолошката градина не е причинета материјална штета, ниту, пак, е украдено нешто, а од Министерството за внатрешни работи информираат дека случајот се истражува.
Зоoлошката градина мината година беше ограбена кога беа изнесени алати за одржување.