Странските претставници кои доѓаат во Македонија, доаѓаат за сопствена агенда, не доаѓаат за агендата на народот, истакна Зоран Витанов од Асоцијацијата на меанџери во гостувањето на ТВ24.
-Факт е дека може многу да влијаат. Се покажа дека немаме многу аналитичен народ, се покажа дека е премногу изманипулиран, а во услови кога е осиромашен народ паѓа лесно под влијание. Има една мудрост „Гладната риба не ја интересира дали има јадица позади црвот“. Кога ќе добие понуда макар и виртуелна со јадица позади, 25.000 евра за земјоделско семејство, а знаеме дека масовност треба да се обезбеди, една таква реченица може неколку илјади луѓе може да ги привлече, да влијае, нагласува Витанов.
Својот став, Витанов го објаснува дека во 27 години независност, во Македонија во толку краток период не дошле толку странски претставници како сега. Вели дека сега тие имале нивна агенда и затоа доаѓаат, но како што рече, не верува дека тоа е и наша агенда.