петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Вкусно изненадување“: Фондот за иновации по безброј скандали прослави 15 илјади јалкови на Фејсбук со сечење торта (ФОТО)

„Вкусно изненадување“: Фондот за иновации по безброј скандали прослави 15 илјади јалкови на Фејсбук со сечење торта (ФОТО)

На власта предводена од СДСМ и Зоран Заев народски кажано никако да им дојде памет.

Директорот на Фондот за иновации и технолошки развој кој неодамна го тресеа безброј скандали за доделувањето на тендерите на Фејсбук се пофали како сече торта за 15 илјади лајкови на Фејсбук.

-Вкусно изненадување од колегите минатата недела. Затоа што 15 илјади лајкови на страната на Фондот за иновации и технолошки развој не се бројка, туку преземена обврска постојано да се подобруваме во нашата работа и заеднички да изградиме иновативно и економски развиено општество, напиша Деспотовски.

По ова свој коментар имаше и Ивор Мицкоски кој на својот Фејсбук напиша:

-Додај и 770.000 евра кои ќе завршат во рацете на четири фирмите блиски до функционери, и може да се каже дека годинава е многу успешна за Фондот.

Инаку и Тивитер заедницата веднаш започна со мајтапење на сметка на Фондот и директорот.

Најнови вести