Владата потврди дека албанскиот јазик ќе се воведе во сите општини и институции во Република Македонија и за таа цел мора да се вработат Албанци, а доколку не се почитуваа оваа одредба најавени се и казни со посебен член во законот.
Владиниот портпарол Мухамед Хоџа на денешната прес конференција одговарајќи на прашањето дали општините и институциите кои немаат вработено Албанци како на пример Радовиш или друг град каде нема жители Албанци ќе мора да вработат Албанци, изјави дека законот мора да важи за сите.
– Законот важи за сите. Во овој случај важи и за сите институции. Тие институции кои нема да ја практикуваат употребата на јазиците во согласност со законот кој стапи на сила, се предвидуваат и казни со посебен член во овој закон, рече Хоџа.
Хоџа ги потврди тврдењата дека ќе биде спроведена целосна двојазичност на целата територија на државата и дека ќе следуваат казни доколку не се применува.
Со ова се остваруваат и прогнозите на ВМРО-ДПМНЕ кои уште од почеток велеа дека власта сака да ја спроведе двојазичноста низ целата република и дека спроведувањето на овој закон во местата каде што нема потреба само ќе создаде и непотребни и сложени и продолжени правни процедури. Од ВМРО-ДПМНЕ исто така предупредуваа дека овој закон само ќе ја зголеми недовербата и продлабочи поделбите кај Македонците и Албанците, но ќе ја зголеми и дискриминацијата кај помалите етнички заедници
Водно законот исто така ќе создаде и правна конфузија, кога илјадници правни процедури ќе може да бидат блокирани или продолжени со месеци, што ќе доведе до хаотичност во институциите и општеството и ќе создаде тешкотии за сите граѓаните на државата.