Владата на денешната седница побарала од Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор на „Пошта“.
-На денешната седница Владата одлучуваше и по решенијата на Комисијата за кадровски прашања и заклучи да му препорача на Надзорниот одбор на Акционерско друштво за поштенски сообраќај „Пошта на Северна Македонија“ да го отповика Јани Макрадули од должноста претседател на Управниот одбор и генерален директор и на оваа позиција го избере Васко Стефанов кој е разрешен од должноста заменик-директор на Агенција за вработување на Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба.