недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата ги остави цела година без работа рестораните за организирање настани иако има простор за соодветни протоколи

Владата ги остави цела година без работа рестораните за организирање настани иако има простор за соодветни протоколи

Иако сопствениците на ресторани за организирање настани, на време, пред да се донесе петиот пакет на мерки за справување со кризата предизвикана од КОВИД-19, апелираа до Владата да бидат земени во предвид нивните барања, надлежните немаа слух за нив. Поради тие причини почнувајќи од денес во 14 часот тие организираат тридневен протест во населбата Автокоманда со блокирање на булеварот „Александар Македонски“ од 14 до 17 часот.

Се што тие бараат е изготвување на протоколи такви какви што ќе бидат донесени од Комисијата за заразни болести само да започнат со работа, бидејќи веќе една година нивната работа е укината, а даваат плати и немаат одложување на режиските трошоци, но власта не сака да ги земе во предвид нивните барања.

Нивната работа е блокирана уште на 23.06.2020 кога беше донесена Уредбата во која со членот 14 се забранува организирање секаков вид настани (свадби, крштевки, родендени) во отворен и затворен дел од угостителските објекти и додека за другите дејности имаше олабавување на мерките Владата не сака да го земе во обзир барањето на овие членови на Туристичко угостителската комора за укинување на членот 14 од оваа Уредба.

Како што тие велат неправедно е да се третираат како главен извор за ширење на КОВИД-19, и дека со почитување на протоколите тие би биле по безбедни од другите ресторани за кои Владата одамна ги олабави мерките од проста причина што нивните објекти се по минимум 600 квадрати и гостите би можеле да бидат распоредени на безбедна дистанца.

-Со Комисијата, имавме повеќе средби минатата година, меѓутоа они нејќат да чујат за наше отворање. Едноставно не доживуваат како главен извор за ширење на заразата, а тоа не е точно. Доколку ние ги организираме прославите, согласно протоколите, сме многу побезбедни и од другите ресторани, поради тоа што ние сме минимум 600 квадрати. Има ресторани и по илјада квадрати. Во илјада квадрати сто луѓе и во 300 квадрати 100 луѓе, многу е едноставно да знаеме каде е побезбедно, вели Перица Голомеиќ, угостител и еден од организаторите на денешниот протест.

Најнови вести