петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата го распушта Советот на општина Тетово

Владата го распушта Советот на општина Тетово

Владата на денешната седница донесе решение за распуштање на Советот на Општина Тетово согласно исполнувањето на еден од условите во членот 75 од Законот за локална самоуправа, според кој општинските совети ќе бидат распуштени доколку не ја донесат завршната сметка и Буџетот до 31 март како што е предвидено со законската одредба.

За ова решение, согласно законот, Владата ќе го извести Собранието на Република Северна Македонија по што ќе следува спроведување на постапката за организирање вонредни избори за Советот на Општина Тетово согласно законските одредби, соопшти владината прес-служба.

Најнови вести