среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата го враќа увозот на отпад за гориво, а загадувањето влегува на голема врата

Владата го враќа увозот на отпад за гориво, а загадувањето влегува на голема врата

Наместо да забрани увоз на секаков тип на отпад, владата го враќа стариот закон со кој се дозволува увоз на отпад за гориво, реагираат Здружените организации „Зелен хуман град”. Тие алармираат дека на седница на владата уште на 22 декември 2020 година била усвоена измената на Законот за отпад, со која повторно ќе може да се увезува отпад што ќе се користи како гориво.

-Тоа го направила за неполни 4 месеци откако е оформен последниот состав на владата и на 7 мај годинава го пратила во Собрание. Потребни биле неполни 4 месеци за да ги врати старите политики со кои се дозволуваше огромно загадување во земјава. Законот дури е ставен во собраниска процедура по скратена постапка со европско знаменце, без јавна расправа, потенцираат од Здружението.

Од Иницијативата изразуваат вчудоневиденост како може европско знаменце да се стави на закон за да оди по скратена постапка и без спроведена јавна расправа, а кој може да предизвика уште поголемо загадување на животната средина и ги повикаа пратениците „ако имаат грам почит за граѓаните”, да не дозволат Македонија повторно да стане дестинација за горење отпад.

-Измената на законот гласи:
(3) Дозволен е увоз на отпад согласно членот 96 од овој закон што може без да претставува опасност од загрозување на животната средина, животот и здравјето на луѓето безбедно:
1) повторно да се употреби за истата намена;
2) да се преработи или рециклира и
3) да се искористи како извор на енергија

Најнови вести