петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата ја одзеде концесијата на „Еуромакс“ за рудникот Иловица- дали и колку оштета ќе плаќа државата доколку компанијата реши да тужи

Владата ја одзеде концесијата на „Еуромакс“ за рудникот Иловица- дали и колку оштета ќе плаќа државата доколку компанијата реши да тужи

На вчерашната седница на Владата на Република Македонија беше донесена одлука да се одземе концесијата на „Еуромакс“ за рудникот Иловица.

Имено, причината поради која компанијата била одбиена е поради наводно недоставување на целокупната потребна документација согласно законот за минерални суровини за добивање на експлатација.

Прашањето е колку штета би имала државата доколку „Еуромакс“ реши да ја тужи Република Македонија на меѓународниот суд, но и колкава е штетата врз економијата која ќе ја има неработењето на овој рудник.

Владата беше ставена во процеп помеѓу предизборното ветување дека ќе ја запре изградбата на рудници и ќе се ревидираат веќе дадените концесии за експлоатација на рудното богатство во југоисточниот дел на Македонија и обврските кои државата ги има кон концесионерите, за што може да биде соочена со плаќање на милионски отшетети, како и кон декларираната ориентираност кон зачувувањето и проширувањето на обемот на странските инвестиции во земјата, пишува „Економски“.

Економистите коментираат дека и онака слабата македонска економија не може да си дозволи губење на инвеститори и на компании, а помалку затворање на рудници. Овој дел на Македонија е познат по својот слаб економски развој и со иселувањето на жителите токму поради немање на перспектива и проблем со решавање на егзистенцијалното прашање.

Инаку, владата ветуваше голем број на странски инвестиции, подржување на домашните и економски бум, но ништо од тоа не се случи.

Најнови вести