четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Владата ќе одржи седница

Владата ќе одржи седница

Владата на Република Северна Македонија денеска напладне ќе ја одржи редовната 149-та седница со неколку точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес за граѓаните.

Како што соопштија од владината прес-служба, на денешната седница на предлог на Министерството за одбрана ќе се разгледаат информации за плановите за учество на Република Северна Македонија во силите на НАТО за обезбедување на југоисточните и источните граници на Алијансата и за плановите за заедничко учество на земјава и Франција во операцијата на ЕУ во Централноафриканската Република.

На предлог на Секретаријатот за европски прашања, се посочува, ќе се разгледаат информации за подготовка на Деветтиот состанок на специјалната група за реформа во јавната администрација во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација што ќе се одржува во Скопје на 17 септември 2019 година и информација за одржување на 15. состанок на Поткомитетот за трговија, индустрија, царина и оданочување во рамките на Комитетот за стабилизација и асоцијација помеѓу Европската Унија и Република Северна Македонија којшто се одржа на 13 ноември 2018 во Скопје.

На предлог на Министерството за здравство, точка на дневен ред на седнмицата е и информацијата со Акциски план за проектот „Бесплатна вакцинација против сезонски грип за ризични групи без ограничување во однос на примањата“.

Најнови вести