вторник, 5. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Владата ќе одржи седница во Битола

Владата ќе одржи седница во Битола

Владата на Република Северна Македонија денеска во зградата на Општина Битола ќе ја одржи својата редовна 159-та седница.

Со оваа прва седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различни региони во државата, како што информираат од владината прес-служба, ќе претседава премиерот Зоран Заев, на неа ќе присуствуваат сите министри, а како гости ќе учествуваат и градоначалниците од Пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар.

На оваа седница приоритет ќе добијат информациите и одлуките за проекти од непосреден интерес на граѓаните на овие општини.

Пред почетокот на седницата, вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули ќе ја посетат РЕК Битола, каде ќе ја промовираат мерката за инвертер клими, во присуство градоначалничката на Општина Битола Наташа Петровска.

Мнистерот за транспорт и врски Горан Сугарески, пак, и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов, заедно со градоначалничката Петровска ќе извршат увид во работите на рехабилитацијата на регионален пат Прилеп-Тополчани-Битола, а министерот за здравство Венко Филипче ќе го посети Здравствениот дом во Битола, кадешто пред 1 месец се пушти во употреба реновираната Служба за итна медицинска помош.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, заедно со градоначалничката Петровска ќе посети неколку мали групни домови во општината, додека заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули заедно со Петровска ќе изврши увид во напредокот на изградба на пречистителна станица за отпадни води во потпелистерските села Трново и Магарево.

МИА

Најнови вести