петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Владата ќе патува во бизнис класа: Од буџетот ќе „летнат“ 325 илјади евра за авионски билети

Владата ќе патува во бизнис класа: Од буџетот ќе „летнат“ 325 илјади евра за авионски билети

Владата на Република Македонија ќе потроши 20 милиони денари за авиобилети. Огласот за јавната набавка е објавен на 19 септември, а крајниот рок за доставување понуди е 05.11.2018.

Како што е наведено во електронскиот систем за јавни набавки, предмет на договорот е резервација на авиобилети. Договорен орган е Генералниот секретеријат на Владата на Република Македонија.

Предмет на договорот за јавна набавка претставува услугата резервација и набавка на авионски билети во бизнис и економска класа за службени патувања на вработените во Владата на Република Македонија.

 

Најнови вести