вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата крие, а пратеници од СДСМ го бранат Командант Хоџа

Владата крие, а пратеници од СДСМ го бранат Командант Хоџа

Додека се чека официјална потврда за вработувањето на Џезаир Шаќири (Командант Хоџа) во Владата на Р. Македонија, честитки на негова адреса веќе јавно напишаа негови поддржувачи, меѓу кои Џеват Исеини, Хади Османи, но и пратеникот Мухамед Закири од СДСМ, пишува порталот Нетпрес.

Закири денеска на својот фејсбук профил повика Џезаир Шаќири да биде оставен на мир.

-Тие што секогаш се продавале, мислат дека сите се продаваат како нив. Оставете го на мир Џезаир Шаќири вие патриотите од фејсбук. Занимавајте се со вашите работи и првин исчистете го својот двор или населбата во која што живеете, напиша Закири.

Вчера во медиумите беше објавена фотографија од Шаќири како излегува од зградата на Владата. Се шпекулира дека тој веќе е назначен за советник за безбедност на премиерот Зоран Заев.

 

Најнови вести