Кој безобразлук и елитизам излегува се повеќе до израз од партиските експоненти на Социјалдемократскиот сојуз. Нивните секојдневни изјави покажуваат колку неговите партиски функционери на изгубиле контакт со реалноста.
Оправдувајќи ги политиките во образованието кои ги воведува министерката за образование поставена токму од СДСМ, Мила Царовска особено последната со укинување на печатените учебници за учениците од четврто до деветто одделение и за средношколците, партијата оди до таму што вика дека за печатење учебници државата трошела многу финансиски средства.
Претседателката на Комисијата за образование на СДСМ, која воедно е и директорка на Државниот испитен центар вчера истакна дека дигиталните учебници ќе ги намалат трошоците на државата, без да земе во предвид како тоа ќе се одрази и на учениците и на родителите.
-Печатењето на хартиени учебници одземаше големи финансиски средства на државата и ако некој учебник требаше да биде променет заради неточности или застареност во содржината требаше да се повлече целиот тираж и да се препечати нов учебник. Сега преку електронските учебници тоа многу брзо, лесно и евтино може да се направи, вели Елизабета Наумовска.
Но, образованието е едно од столбовите на една држава, а во Македонија со Устав е загарантирано правото на бесплатно образование за секој граѓанин за чија цел секој даночен обврзник одвојува средства од своите приходи.
За владејачката СДСМ трошок за државата преставува обезбедувањето учебници за ученици, а од друга страна се расфрла со државни пари за разно разни проекти како тренирање магариња, доделување пари за фризерници. Изминатите години бевме сведоци како државата преку министерството за здравство трошеше по неколку милиони евра за набавка на лубриканти и кондоми, а сега сме сведоци како СДСМ не убедува дека печатењето хартиени учебните потребни за образованието на учениците одземало големи државни финансиски средства .
Од друга страна, меѓународни студии покажуваат дека печатените учебници се неопходни за меморирање и разбирање на текстот. Според „Мајкрософт рисрч“ од Кембриџ учебникот на хартија е како топографска карта, го ориентира ученикот и му помага да меморира што чита.
Истражувањата, пак, на научниот тим CIBER, покажува дека учењето од екран е неефикасно. Според нив тоа се карактеризира со брзо скенирање на информации, но се „скока“ од една на друга страна. Како значаен фактор на ризик од учењето од екран се наведува осиромашување на речникот и знаењето.