Владата на Спасовски продолжува со конструкции и сопки на техничките министри од опозицијата. Соочени со секојдневното откривање на нови криминални дејствија од минатиот мандат на гарнитурата на Заев и лавината непотизам која минатите три години ги затрупа државните инстутитуции, толкуваат познавачите на состојбите за Курир, владата на СДСМ се насочи кон креирање конструкции и опструкции на техничките минитсри од опозицијата. По сопките во МВР, сега се насочени кон минситрството за труд и социјала. СДСМ не смее да дозволи министерката Рашела Мизрахи да покаже како всушност треба да функционира ова министерство заглавено во непотизам и корупција, па затоа постојано ќе измислува нови и нови опструкции, извитоперувајќи ги и толкувајќи ги законите по своја потреба. Ова е познат манир на констелацијата од Екс Бихаќка, велат познавачите. Најнов ваков момент е потегот со кој директно се минира работата на Мизрахи и со кој Владата на техничкиот премиер Спасовски донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните установи – меѓуопштински центри за социјална работа во Штип, Битола, Пробиштип, Валандово, Прилеп и Радовиш.
Одлуката на техничката министерка Рашела Мизрахи за разрешување и именување на в.д директори на центрите за социјална работа била донесена спротивно на чл.46 став 2 од Законот за Влада, тврди Владата на Спасовски. Во оскудното соопштение на партиската одлука донесене против смена на директорите со лош учинок велат: „Дополнителниот заменик на министерот заедно и рамноправно со министерот учествува во остварувањето на надлежностите предвидени во Законот за организација и работа на органите на државната управа. Со оглед дека целта за избор и на техничкиот министер и на дополнителниот заменик на министер е организација на изборите за пратеници во Собранието, сите правни и кадровски прашања потребно е заедно и рамноправно да се разгледуваат и за истите заедно и рамноправно да се носат одлуки односно да се одобруваат, што следствено ќе биде верификувано со акт/документ кој ќе биде потпишан во случајов од министерката и од дополнителната заменичка на министерката.“
Денеска и техничкиот Спасовски се правдаше и ја бранеше одлуката на неговата Влада, за која меѓу најбитните работи во државата беше токму поништувањето на одлуката на Мизрахи.
Очигледно, ценат експертите, Владата не ја интересира учинокот на партиски наградените и назначени од нив директори од наведените меѓуопштински центри за социјална работа, ниту подобрувањето на животот на заегнатите граѓани од овие општини, туку ги интересира само опструкцијата на министерката Мизрахи, чие дејствување мора да се сведе на минимум ингеренции и учинок. Со ваквите конструкции и опструкции, владата на Спасовски ја продолжува традицијата на владеењето на Заев, која ваквиот манир го презентира и при промената на Уставот, непочитувањето на Референдумот, Законот за двојазичност и непочитувањето на Венецијанската комисија, доделувањето тендери и редица други дејствија. Впрочем, велат познавачите на состојбите, не бадијала заев го избра токму Спасовски за негов чувар на тронот.