четврток, 21. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата на Заев дала десетици тендери на битолски „Еко клуб“

Владата на Заев дала десетици тендери на битолски „Еко клуб“

Јавни претпријатија и институции во време на владата на Заев склучувале дебели договори со битолската фирма, која СДСМ ја обвинува дека под патронат на ВМРО-ДПМНЕ свесно ги труела граѓаните.

Имено „Еко клуб“ со Јавното претпријатие за државни патишта склучило договор за косење трева, плевел, грмушки, сечење дрва и слични активности, за период од две години за вкупна цена од 70,8 милиони денари.

Исто така, на 13 јануари годинава, Медицинскиот факултет од Скопје склучил договор со истата форма за 2.277.400 денари, а лани договор со Еко Клуб склучило и Министерството за одбрана…

Во продолжение дел од тендерите кои ги има добиено оваа компанија во периодот кога СДСМ е на власт.

 

Најнови вести