Владата на денешната трета седница го усвои предлогот на Комисијата за заразни болести за враќање на работа на хронично болните, со исклучоци.
– Вработените лица кои се ослободени од работа врз основа на утврдената листа на хронични болести да се вратат на своите работни места и на редовно извршување на работните задачи. Исклучок од ова ќе бидат само лицата (пациенти) кај кои болеста е во фаза на егзацербација (влошување) и за оние со малигна болест, за кои ќе биде дадена потврда со наод и мислење од лекар специјалист, врз основа на која потврда овие лица ќе користат боледување, информираат од владината прес-служба.
Во рамки на седницата е одлучено бремените жени да продолжат да ги користат владините мерки. (МИА)