Владиниот портпарол Миле Бошњаковски на денешната прес-конференција соопшти дека одлуката за притвор од 30 дена за Моника Ристевска за Владата делува престрого во однос на стореното дело.
– Сакаме како Влада да укажеме дека мора да се почитуваат законските прописи и дека Македонија е држава која се темели на владеење на правото. Владата како за сите други прашања, така и за ова е отворена за дискусија со сите заинтересирани страни, рече Бошњаковски.