четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владата сè уште без план за „Еурокомпозит“ и „Колска“, вработените на улица и без плата

Владата сè уште без план за „Еурокомпозит“ и „Колска“, вработените на улица и без плата

Шеесеттина вработени во компанијата „Еурокомпозит“ се оставени без плата осум месеци. Вработените буквално се оставени на улица.

-Во„Еурокомпозит” има претставник на капиталот и се разговара со менаџментот за надминувањето на проблемите, изјави во февруари годинава тогашната вицепремиерка за економски прашања Мила Царовска одговарајќи на прашањето за ситуацијата во наменската фабрика „Еурокомпозит” каде вработените, околу 60, во последно време протестираат и немаат работа, а им е неизвесна и судбината.

Вработените се и без здравствено осигурување.

-Осум месеци немаме земено плата, немаме здравствено осигурување, државата целосно заборави на нас, како да не постоиме. Иако Зоран Заев уште во 2017-та година ни ветуваше дека проблемот со фабриката ќе биде решен, а ние ќе си ги добиеме нашите плати и придонеси, нè излажа. Неколку пати излегувавме на протест, остваривме средби со претставнициод власта, но ништо од тоа не помогна, раскажува вработен од „Еурокомпозит“.

Имено, Заев на неколку пати вети решавање на проблемот со „Еурокомпозит“, но очигледно дека заборави на овој проблем. Тој и во јануари минатата година на прес конференција тврдеше дека е „Еурокомпозит” ќе има успешна трансформација.

-Ако добиеме понуди од приватните компании, кои ќе ги покријат заостанатите побарувања на работниците за платите, придонесите за тие плати ќе ги прифатиме,ако не, државата има друга алтрернатива – да издвои три милиони евра и да ги плати тие обврски за да продолжи работата на „Еуркомпозит“, рече Заев на прес конеференцијата минатата година.

Истиот овој проблем го имаа и вработените во фабриката за шински возила „Колска“ од Велес. Исто така и тие излегуваа неколку пати на протест поради неисплатените плати, немањето средства за да можат да работат и нерешавањето на статусот на Друштвото, кое е во државна сопственост.

Не само Зоран Заев, туку и Кочо Анѓушев кога ја извруваше фунцијата вицепремиер за економски прашања вети дека и за „Колска” и за „Еурокомпозит” има иднина и заинтересирани инвеститори и дека ќе има потреба од поголем број на вработени.

Најнови вести