И владеачката партија Алтернатива е на ставот дека не можат да се организираат избори за 22 дена по завршувањето на изборите.
За партијата Алтернатива неприфатливо е престојните избори да се одржат на крајот на јуни поради, како што велат, состојбата со епидемијата, но и психолошката неподготвеност на народот за одржување на избори во услови на општа здравствена криза.
Арбен Лбеништа од Алтернатива, во емисијата “Патот кон“ на Алсат телевизија истакна дека одржувањето на изборите 22 дена по завршувањето на вонредната состојба е неприфатливо од повеќе причини.
Според него, ова брзање не е разумно, првенствено од здравствени причини, со оглед на состојбата со корона вирусот кај нас.
Втор проблем кој што тој го посочи е тоа што 22 дена по вонредната состојба не е добро време за избори, затоа што граѓаните мора да бидат психички подготвени за овој процес, затоа што станува збор за иднината на земјата.
Претставникот на Алтернатива, Арбен Лабеништа вели дека за нив прифатливо е на гласање да се оди и во август.
– Kрајот на август, создава простор за друга можност – да закрепнат сите проблематики со кои денес се соочува нашето население и многу комотно, на крајот на август, да се оди на избори, секако почитувајќи ги сите здравствени мерки кои ќе бидат потребни и во тој период, рече Лабеништа.