понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владев до градоначалникот на Свети Николе: Понекогаш правдата е спора но секогаш излегува на површина

Владев до градоначалникот на Свети Николе: Понекогаш правдата е спора но секогаш излегува на површина

Повод за ова мое обраќање кон јавноста се фалбите на градоначалникот во заминување Сашо Велковски по ,,добиениот судски спор,, за навреда и клевета за мој прес од 2019 година за присуството на коксаки вирус во градинката во Свети Николе,за чие присуство има и официјална изјава на Министерката Мила Царовска на говорницата во собранието на Република Македонија во која го потврдува тоа. Нејзината изјава е јавно достапна и може да се провери, ова денеска преку прес-конференција го истакна Дејан Владев од ВМРО-ДПМНЕ ОК Свети Николе.

-Со оглед на тоа во каква држава живееме и со какво судство располагаме епилогот се знаеше уште пред да започне спорот,класичен пример за политичка пресуда со цел да ме заплашат и замолчат.
Моето домашно воспитување и мојата професионална вокација како дипломиран правник и чесен граѓанин на Република Македонија не ми дозволува да коментирам судска пресуда и покрај тоа што е политичка и не е во моја корист. Продолжувам понатаму до повиските судски инстанци и меѓународниот суд за човекови права во Стразбур каде ќе ја барам правдата и правдината. Но тоа воопшто не е битно градоначалниче во заминување. Ако мислите дека со ова ќе ме заплашите и замолчете,ви кажувам однапред дека сте одбрале погрешен човек. Како Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе секогаш ќе ги запознавам сограѓаните за се што е во нивен интерес макар и да ми поднесете 100 други тужби.НЕ ВИ СЕ ПЛАШАМ.
А се што сум кажал стојам позади тоа и бидејки и Вие знаете дека е вистина. Ова ми дава доплнителен мотив и сила да продолжам со својот ангажман и нема никогаш да престанам,во тоа те уверувам, вели Владев.

Тој додава дека само сакам да те прашам нешто градоначалниче Сашко… што чекаше цели 3 години за да купеш столчиња и маси за децата?

-Кога толку глумиш дека си донатор, зошто досега од сопствени средства не направи набавка на маси и столчиња,зборуваме за цели 3 па и почната четврта година? Вас ви е работа да набавувате основни средства а не да чекате епилог од политичка судска пресуда. Со ваквата постапка го покажуваш своето лице, Мизерија градоначалниче, мизерија и ништо повеќе. Во секој случај добро е што моите лични средства ќе бидат употребени за општо добро,не жалам и не се кајам. Во наредниот период јавно ти ветувам дека ќе те потсетувам и тебе а и светиниколската јавност за сите силно ветени нереализирани проекти но и за многу други работи што вешто се кријат од јавноста. Влегуваш во последните месеци од твојот промашен мандат градоначалниче Сашко, знам нервозен си и те мачат две дилеми. Дали твоите би ти дале шанса за втор мандат бидејќи нивната подршка ја имаш загубено, а втората дилема ти е тоа што во последните три изборни циклуси и покрај се ВМРО-ДПМНЕ победува убедливо во Свети Николе, вели Владев.

Додава дека епилогот за локалните избори во октомври 2021 година е уште сега кристално јасен, новиот градоначалник во општина Свети Николе ќе биде од редот на ВМРО-ДПМНЕ. Инаку јас Дејан Владев граѓанин на Свети Николе и Република Македонија и претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Свети Николе продолжувам понатаму со високо крената глава и ваквите притисоци не ме плашат туку уште повеќе ме мотивират. Понекогаш правдата е спора но секогаш излегува на површина. Да живее ВМРО-ДПМНЕ.
Да живее Свети Николе. Да живее Република Македонија.

Најнови вести