понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски пред НУБ во Скопје

Владина делегација положи цвеќе на споменикот на Свети Климент Охридски пред НУБ во Скопје

Владина делегација составена од заменик министерот за правда  Агим Нухиу и  заменик министерот за финансии Филип Николоски, денеска по повод одбележувањето на државниот празник 8-ми Декември – „Свети Климент Охридски“, положи цвеќе на споменикот на овој голем духовник и просветител пред Националната универзитетска библиотека во Скопје, што го носи неговото име.

-Со одбележувањето на овој ден, го одбележуваме делото на Свети Климент Охридски, големиот ученик на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј чие име се поврзува со почетоците на македонската писменост. Свети Климент Охридски оставил печат не само на македонската писменост и историја, туку и на историјата и на другите народи на Балканот, бидејќи е основоположник на Охридската книжевна школа, позната и како „прв балкански и европски универзитет Свети Климент Охридски“. Почитувањето на јазикот и писменоста е почитување на историјата, самобитноста и различноста, се наведува во соопштението од владината прес-служба. (МИА)

Најнови вести