сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВЛАДИНИТЕ КОВИД МЕРКИ ПРЕДИЗВИКАА ВИСТИНСКИ ХАОС: Ромско семејство мислеле дека се дискриминирани, сопствениците на ресторанот од Битола добија дузина на навреди!

ВЛАДИНИТЕ КОВИД МЕРКИ ПРЕДИЗВИКАА ВИСТИНСКИ ХАОС: Ромско семејство мислеле дека се дискриминирани, сопствениците на ресторанот од Битола добија дузина на навреди!
фото: Фејсбук/Шумски фенери

Владините ковид мерки предизвикаа вистински хаос во Македонија. Имено, ромско семејство не било примено во угостителски објект во Битола бидејќи сите членови не биле вакцинирани, а мислеле дека се дискриминирани од страна на сопствениците, пошто истите преку видео стрим упатиле низа навреди кон газдите на објектот.

Бо продолжение ви го пренесуваме целото сведоштво на сопственичката на угостителски објект во Битола:

Почитувани наши гости,

Јас Љубица Мушуланова Ристевска од срце ви се извинувам што 3 дена ви барам сертификати, и од срце ви се извинувам на сите што ве вративме и не ви дозволивме да седите во нашиот ресторан. Помизерно во животот не сум се почувствувала. Вчера дури и live на Facebook вреѓање кркав од една Ромска фамилија кои мислеа дека ги враќам зошто се роми и ги дискриминираме, дека не сакаме гости да примаме, а тие за жал сите немаа сертификати.

33 години постои Шумски Фенери, што не поминавме за да имаме повеќе работа, повеќе гости, да понудиме и да ве направиме среќни, да бидеме дел од вашите спомени и сега стоиме на врата и ви допираме во интимата зошто некој побарал така од нас во спротивно ќе не казни, стоиме на врата и бркаме луѓе а цел ресторан зјапа празен?!
Срам да ви е на сите што не доведовте нас угостителите до овај мизерен степен кој верувам никој нема да го заборави. Луѓе кои доаѓаат секој ден, не можат повеќе да доаѓаат.

Ама ете сме трпеле, но и глас ќе креваме за ова лудило да престани. Зошто и вакцинираните со срам покажуваат сертификати само да знаете!, пишува Мушуланова Ристевска во својата објава на официјалната Фејсбук страница на објектот.

Најнови вести