вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Владо Поповски: Законот за јазици е апсурден и неприменлив

Владо Поповски: Законот за јазици е апсурден и неприменлив

Професорот на Правниот факултет д.р Владо Поповски, кој беше гостин во емисијата Отворено на 24 Телевизија, ја објасни неприменливоста и апсурдноста на новиот Закон за јазици при што даде неколку примери.

-Не станува збор само за финансиски или кадрови капацитети, туку се блокира и функционалноста на институциите. Некаде имаме и апсурди. Доколку во гимназија во македонска паралелка, ученик Албанец направил прекршок, детето ќе каже дека додека не се донесе преведувач нема да разговара со директорот, а особено ако дојде со инспектор или некој што казнува.

На ова аналитичарот Алберт Муслиу, кој исто така беше гостин во студиото, потврди дека во тој случај ќе мора да се обезбеди преведувач.

Закон за јазиците, според Поповски содржи конфузен и нејасен правен израз.

-Тој не е прецизен, јасен и едноставен за употреба. Прашање е дали може да се оствари овој закон во установите- школи, болници, универзитети, јавните претпријатија, а да не ги дезавуира тие институции во нивната способност да функционираат. Пример ако има постапка судска некоја, само доколку судијата во судскиот совет ако тројца судии судат, а ниедна странка не говори албански јазик туку сите странки се Македонци, тогаш според законот целата постапка мора да се води двојазично. Доколку во средно училиште, гимназија нема албански паралеки, директор може да биде Албанец, според законот тој мора во службената комуникацијата да го употребува тој јазик. Што значи извештаите што ги праќа до градот Скопје или програмите за идната работа треба да бидат двојазични, а не би ги праќал доколку е директор Македонец.

Најнови вести