петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Власта ги нападна невработените дека сами се виновни

Власта ги нападна невработените дека сами се виновни

Власта ги нападна невработените лица тврдејќи дека самите се виновни што немаат работа.

Од АВРМ излегоа со обвинувања затоа што невработените одбивале вработувања каде нешто не им одговара.

Директорката на Агенцијата за вработување, Билјана Јовановска, обвинува дека невработените граѓани во земјава ниту сакаат да работат, ниту бараат работа.

-Имаме ситуација кога 70 посто од поканетите невработени лица не доаѓаат на интервју бидејќи не е задолжително. Законот не вели дека тие ќе бидат избришани или тргнати од евиденција. Од 30 проценти што ќе дојдат на интервју се упатуваат кај работодавачот, половина од нив одат на интервју кај работодавачот и најчесто се случува и тие што ќе отидат кај работодавачот, да не прифатат односно да ја одбијат понудата за работа. Причините поради која што тоа го прават се најразлични, односно невработените лица наведуваат дека најчесто не им одговара местото, смената, платата, рече Јовановска.

Проблем, како што вели директорката е тоа што сите работодавачи се обврзани да објават оглас за вработување, иако претходно имаат најдено лице за таа позиција. Најави реформи во системот за да се знае точно кој реално бара и нуди работа.

-Невработените лица кога ќе го видат огласот и кога ќе се јават кај работодавачот тој им вели дека е пополнето или е направен избор и невработеното лице ја губи довербата кон нашата институција, додава Јовановска.

Најнови вести