вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Власта ги партизира и синдикатите: На удар синдикатот во РЕК  Битола

Новото раководство на АД ЕЛЕМ кое го постави СДСМ направи се за да ги спречи редовните синдикални избори.  Покрај  тоа раководството на СДСМ ги блокираше сите средства на синдикалната организација по основ на членарина и задршки од вработените за роба како и другите приходи кон синдикатот. 
Власта ги партизира и синдикатите: На удар синдикатот во РЕК  Битола

Вработените во РЕК Битола се жртва на политички притисоци со цел нивно зачленување во синдикат под контрола на власта.

Имено РЕК Битола има синдикална организација, Самостоен Синдикат од Енергетика, Рударство и Индустрија на  Р. Македонија, за сега вработените да се принудуваат да се зачленуваат во ново формираната синдикална организација под влијание на власта, Синдикална организација – Подружница на АД ЕЛЕМ, која нема членови, а истовремено со зачленување во неа вработените ги губат досега стекнатите права.

Новоформираниот синдикат  е невалиден синдикат и истиот е под директна контрола на партијата и кој на вработените не им ги гарантира основните работнички права.

Имено, со смена на синдикалните организации и зачленување во новоформираната вработените ги губат стекантите права како што се неможноста вработениот да биде отпуштен од работа до 8 години по приватизацијата. Со пристапување во новоформираниот синдикат под контрола на власта, на вработените не им се гарантира дека нема да бидат преместени на друга работна позиција, како и непрекинување на договорите за вработување.

Новото раководство на АД ЕЛЕМ кое го постави СДСМ направи се за да ги спречи редовните синдикални избори.  Покрај  тоа раководството на СДСМ ги блокираше сите средства на синдикалната организација по основ на членарина и задршки од вработените за роба како и другите приходи кон синдикатот.

За да биде скандалот поголем,  одземени се и работните простории на репрезентативниот синдикат на АД ЕЛЕМ. Сето ова се прави со цел работниците да се приклучат кон новата синдикална организација која треба да биде марионетка на СДСМ.

Но, бидејќи новоформираниот синдикат се уште нема членство, од страна на претпоставените на компанијата се делат пристапници на вработените со закани дека ако истите не бидат потпишани ќе сносат последици.

И додека се врши притисок врз вработените, претпријатието стагнира. Според информации кои ги добивме од терен, сите големи проекти стагнираат или се запрени од страна на новото раководство. Количеството на јаглен на депонијата е минимално, односно 30 .000 тони, што доколку работат трите блока истовремено не е доволно ниту за три дена.

Ова се прави во време на власта која ветуваше слобода и живот. Очигледно овие фрази биле само за предизборна употреба.

Најнови вести