четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Власта имаше намера да ја даде АД Славија на свој олигарх по нереално ниска сума“

„Власта имаше намера да ја даде АД Славија на свој олигарх по нереално ниска сума“

Власта имаше намера да ја даде АД Славија по нереално ниска сума со обезвреднет имот во рацете на свој олигарх и ништо друго, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски одговарајќи на новинарско прашање поврзано со Агенцијата за управување со конфискуван имот и законските обврски за продажба на акциите на АД Славија.

Стоилковски истакна дека проблемот е во тоа што не е направена реална проценка на имотот на АД Славија, која што би требало да изнесува неколкукратно повеќе од онаа која што беше дадена во тендер за продавање.

– Реалната проценка во таков случај ќе направи и реална проценка на акциите на АД Славија која ќе биде неколкукратно поголема од тие 200.000 евра колку што беше дадена цената за целокупниот имот.  Сето ова од страна на власта беше направено за да по нереално ниска сума обезвреднет имот заврши во рацете на олигарси на СДСМ и ништо друго, потенцираше Стоилковски.

Најнови вести