петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Власта молчи за скандалот, во јавноста бурни реакции- членови на СДСМ палат книшки и порачуваат: Дончев нека ви трча на избори (ВИДЕО)

Власта молчи за скандалот, во јавноста бурни реакции- членови на СДСМ палат книшки и порачуваат: Дончев нека ви трча на избори (ВИДЕО)

Власта втор ден молчи за случајот со Ден Дончев поранешниот директор на Фондот за здравство кој преку видео снимки кои осамна на интернет се гледа како зема пари.

Додека СДСМ тера кампања и лажно им ветува на граѓаните подобар живот тие јавно гледаат како нивните функционери се се повеќе корумпирани.

По случајот Рекет сега следува нов скандал за кој одговорност мора да има.

Откако вчера на распит беше викнат Дончев денеска министерот за внатрешни работи вели дека тие постапиле по јавниот повик на ОЈО преку медиумите.

– Врз основа на јавен повик од ОЈО, МВР постапи по тој повик, ОЈО го повика МВР и Управата за финансиска полиција да постапи врз основа на објавените видео снимки на кои што се гледа како поранешниот директор на Фонд за здравствено осигурување, зема парични средства. МВР постапи согласно стандардното полициско постапување, односно одделот за сузбивање за сериозен организиран криминал и го повика со цел добивање на дополнителни информации и податоци за објавениот видео материјал. Разговорот траеше отприлика околу 40 минути беше реализиран од инспектори од одделот за организиран криминал во полициска станица во населбата Карпош во Скопје и лицето Ден Дончев дојде во придружба на негов адвокат. По извршениот разгвовор лицето си замина од полициската станица во Карпош, а инспекторите од Одделот за организиран криминал во текот на денешниот ден ќе изготват службен материјал и истиот ќе го достават до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција и потоа чекаме насоки за дејствување од ОЈО бидејќи тоа е надлежна институција за водење кривични истраги, изјави министерот.

Во однос на тоа дали е побарана мерка за обезбедување поради опасност од бегство, министерот рече дека е побарано претходно.

-Тоа е побарано уште претходно и ОЈО мислам дека треба да постапи по тоа, можеби веќе е постапено, немаме таква информација. Знаете дека во јавноста, ОЈО јавно го повика МВР и Управата за финансиска полиција да постапат. Ние со оглед дека беше јавен повик со писмена покана од страна на  МВР  е извршен разговорот, изјави министерот.

Инаку еден од најважните теренски оперативци и еден од најверните поддржувачи на Заев меѓу Албанците во Скопско ја запали членската книшка на СДСМ и порача дека СДСМ како најголемо зло мора да си замине на 15 јули.

Во видео емитувано на стриминг сервисот на Фејсбук Нафи Абдиоски ја пали својата партиска членска книшка и искажува незадоволство од СДСМ.

Абдиоски кој ккао активистот на СДСМ лани на претседателските избори донесе илјадници гласови за Стево Стево Пендаровски е разочаран од Ден Дончев и вели дека сега Дончев да трча по гласови и дека злото СДСМ мора да замине.

Нови две аудио бомби вчера се објавени на платформата на ЈуТјуб со наслов „Како се крадат пари од Македонија – Лекција 1 од Дон Дончев родум Муртино“.

На истите може да се слушне гласот на Ден Дончев, како открива дека во последните 3-4 години од Македонија во Швајцарија се изнесени од 10 до 15 милиони евра.

Инаку поранешниот директор на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), Ден Дончев вчера бил на разговор во полициска станица Карпош. Тој бил поканет на разговор, уредно се пријавил сам, а по извршениот разговор, си заминал, информираат од МВР.

Дончев бил викнат на разговоро по објавените снимките, пред некој ден во јавноста. Доколку МВР утврди елементи на кривично дело по кои се постапува по службена должност, ќе достави соодветен поднесок до Обвинителството по кој Обвинителството ќе преземе понатамошни дејствија за расветлување на случајот.

Повикот до Дончев да даде исказ не било по налог на Обвинителството.

Пред четири дена на Јутјуб беа објавени три нови аудио и уште една видео-снимка на која наводно се слуша гласот на Дончев. На видео-снимка може да се забележи како Дончев зема пари и ги става во торба.

Инаку, во мај Дончев си поднесе оставка од директорската функција поради како што беше соопштено „приватни семејни причини“.

Името на Дончев се спомнуваше во случајот „Рекет 2“ за фирмата Дијамед, која во 2013 година доби концесија за дијализа на бубрежно болни.

Најнови вести