сабота, 20. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Власта нема извршено експропријација на земјиште, а лаже дека ќе гради брана на Отиња“

„Власта нема извршено експропријација на земјиште, а лаже дека ќе гради брана на Отиња“

Заев, Бочварски и Николов да не ја манипулираат јавноста дека ќе градат брана на реката Отиња. Власта се уште ги нема решено имотно – правните односи. Експропријација на земјиштето сѐ уште нема. Дали и овој проект треба да заврши како незавршената пруга кон Бугарија?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Граѓаните од Штип, сопственици на имот во месноста каде ќе се протега браната, сѐ уште никој не ги контактирал, да ги извести дека на нивниот имот треба да се изгради брана и вештачка акумулација. Ова единствено асоцира на узурпација на приватен имот од страна на државата.

Наместо само сликање пред ископи Заев, Бочварски и Николов да објаснат на засегнатите граѓани – кој ќе ги обештети?

Зошто Заев, Бочварски и Николов кои имаа време цели 4 години не ја направија браната на Отиња, туку чекаа до пред избори?

Ова е уште една лага на Заев која ќе држи до избори.

Време е да се стави крај на манипулациите. Време е за Македонија за сите луѓе!, стои во партиската реакција.

Најнови вести