Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 имаше големо влијание врз секојдневниот живот особено врз образованието. Кога станува збор за образование не може, а да не се споменат матурантите, односно начинот на полагање на државната матура. Имено матурантите подолг период излегуваа на протести во врска со полагањето на државната матура.
Но и покрај неколкумесечната голгота со државната матура вчера се постигна договор помеѓу матурантите и власта.
-Заедно со Сојузот на средношколци, низ дијалог дојдовме до компромисно решение. Се договоривме за два екстерни испити, додека за третиот екстерен испит се согласивме да се трансформира во интерен. Ги образложија своите аргументи за прилагодување на концептот на државната матура заради влијанието на пандемијата на образовниот процес, а имаа слух и за нашите ставови, објави премиерот Заев.
Но по сето ова имаше голем број на реакции за тоа дека власта уште еднаш потврдила дека нема разбирање со учениците и дека со ова одлука Владата исто така не ја испочитувала волјата на матурантите.
Ова исто така го потврдија и од ВМРО-ДПМНЕ.
-Учениците – матурантите не дозволија несовесната министерка до крај да им ја уништи иднината и прифатија решение, кое не целосно ги поддржува нивните барања. Учениците покажаа зрелост којашто недостасува кај ресорниот министер.Матурантите протестираа и изгубија драгоцено време и енергија за на крај, сепак Владата да попушти- но не докрај да ја испочитува нивната волја.ВМРО-ДПМНЕ го почитува ставот на учениците – матуранти за постигнување компромисен договор за начинот за полагање на матурата, иако нагласуваме дека како министер којшто дал ветување, Мила Царовска можеше и мораше да ги послуша токму учениците кои што покажаа интегритет, упорност, но и способност за организирање преговори.ВМРО-ДПМНЕ и во минатото и сега силно ги подржува учениците, со цел успешен премин во следните фази на нивното школување или вклучување на пазарот на трудот, се вели во соопштенито на ВМРО-ДПМНЕ.
Од сето ова може да се заклучи дека за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ го почитува ставот на матурантите за полагање на матурантите и како и во минатото така и сега ги подржува учениците.