вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Власта со одбивањето на предлогот на Стоиљковиќ- да се разгледува случајот со Ковачевски на затворена седница, признаа дека нема ништо доверливо во документот на МО

Власта со одбивањето на предлогот на Стоиљковиќ- да се разгледува случајот со Ковачевски на затворена седница, признаа дека нема ништо доверливо во документот на МО

Господине претседателе со оглед на дискусиите кои што ги слушнав и предлозите кои што ги слушнав, и со оглед на реакциите кои ги слушам, а и со оглед на гласањето очигледно дека работите не се сфаќаат ниту сериозни, ниту одговорно. Зошто? Од проста причина затоа што ако продолжиме вака да зборуваме за нешто што веќе министерството го квалификувало како тајна, нели и на која повикува дека ќе повлече одговорност некој за тоа, тогаш сметам дека и ние со ваквите расправи и со ваквото однесување внесуваме уште поголема забуна или правиме конфузија во јавноста. Конфузија во јавноста од една страна што е тоа толку тајно? И од друга страна да ви дадат бел лист хартија, и да ви кажат дека треба да гласате за црн, вие ќе гласате за црн, истакна Иван Стоиљковиќ, пратеник од редовите на Коалицијата „Обнова на Македонија“ при своето излагање во собраниската комисија за одбрана и безбедност.

Стоиљковиќ додаде дека одредени пратеници од власта не знае што значи служење на воен рок.

„Затоа мојот предлог ќе биде сериозен затоа што темата е сериозна, затоа што овој проблем со кој што ние се соочуваме не е само правно политички проблем. Па, дури и не е само безбедносен проблем, овој проблем е длабоко коруптивен проблем кога ќе се навлезе во неговата суштина. Затоа што за да некој добие било каков документ дека не е способен, треба да поминете серија од лекарски предмети. И за тоа морал некој да потпишува! Мора да постои евиденција! Мора да постои записник, и на крајот тоа мора некој да го верификува со потпис и со печат“, појасни Стоиљковиќ.

Пратеникот додаде дека издавањето на црвен печат дека некој не е способен за служење на воен рок е сериозна работа. И тука степенот или вртенето на корупцијата која произлегува не е работа само на Комисијата за одбрана и безбедност туку е и работа на Јавното обвинителство.

„Мојот предлог е во насока за оваа тема да се разговара, но позади затворени врати, за да можеме и ние повеќе да ви кажеме на вас како што очекувам дека и вашето знаење ќе го просипете кон нас, па би можеле да разговараме на многу посериозен начин отколку да си довикуваме едни на други. Така да од тој аспект тој коруптивен ланец од една страна, правно политичките последици и безбедносните последици, простор за работа на јавното обвинителство, реагирањето на министерството за одбрана, безбедносните агенции, сето она што значи систем на една држава треба да бидат вклучени. И затоа мојот предлог е господине претседателе седницата да биде затворена за јавноста“, нагласи пратеникот.

Тој рече дека темите кои се отвораат и за кои се зборува предизвикуваат сериозни импликации не само во јавноста туку и во безбедносниот сектор. Затоа неговиот предлог е седницата да се затвори за јавноста.

По дадениот предлог на пратеникот Иван Стоиљковиќ, владејачкото мнозинство изгласа дека темата не е од доверлив карактер за да биде затворена седницата за јавноста.

Најнови вести