Раководството на ЕЛЕМ во изминатиов период ги повикува вработените на состаноци во четири очи и врши притисок врз нив со цел истите да пристапат во „нов квази синдикат“, пишува во писмото кое го упатува Генералниот секретар на ЕПСУ (Европската конфедерација на синдикати од јавниот сектор), Јен Вилем Гудријан до директорот на ЕЛЕМ, Драган Миновски.
Во писмото од ЕПСУ дополнително е наведено дека истата е информирана за сите притисоци кои ги прави раководството на ЕЛЕМ врз вработените и апелира истите да запрат.
-Ние ви укажавме дека сме информирани за притисокот што Вие и другите менаџери на компанијата го вршите врз претставниците на синдикатите и членовите на синдикатот на член на EPSU. Ние побаравме од Вас да запрете со такво вознемирување и мешање кое е во спротивност со стандардите на ЕУ и меѓународните стандарди. Ве замоливме да не известите за текот на ситуацијата. Но тоа не го напраивте, пишува во писмото.
Ова е спротивно на заложбите на СДСМ додека беше опозиција и се бореше за гласовите на вработените во јавниот сектор. Заев пред предвремените парламентарни избори во 2016-та година ветуваше дека нема да има притисоци врз администрацијата и дека никому “влакно нема да му фали“.
-Ја повикувам јавната администрација да се приклучи, затоа што и тие имаат обврска да се изборат за Македонија. Нема на никого да му фали влакно од главата. Нема повеќе да се плашат од казни. Нема да мора да одат со сендвич во раката на митинзи до Охрид и до Струмица. Нема да морат на сила лајк да стават на Фејсбук, велеше Заев од митинзите на СДСМ пред изборите 2016 година.
Сега гледаме дека декларативната слобода и професионализација која ја ветуваше Заев е само празно слово на хартија и уште една предизборна манипулација на лидерот на СДСМ. Очигледно е дека вработените во државните установи никогаш во минатото не се соочувале со поголем притисок. За првпат во историјата на независна Македонија државно претпријатие е предупредено од страна на Европската конфедерација на синдикати за притисокот кој го врши врз вработените.
ЕПСУ претставува 8 милиони работници во Европа и е признат социјален партнер во Европскиот социјален дијалог во кој се среќаваме со работодавачите и со Европската комисија. Тие во писмото дополнително пишуваат дека раководството на ЕЛЕМ го оневозможуваат и финансиски ССЕРИ (Самостоен синдикат на работниците од енергетиката рударството и индустријата ) со стопирање на трансферот на членарините за 4 месеци.
ОД ЕПСУ побаруваат од Миновски:
– Да се воздржи од мешање во работата на синдикатот и да престанете да врши притисок врз работниците и членовите на синдикатот да се придржува кон синдикат по негов избор.
– Јасно и недвосмислено да изјави дека раководството на АД ЕЛЕМ и неговите подружници нема да се мешаат во работата на синдикатите;
– Да поддржи независна истрага која би се спровела со поддршка на МОТ ( Мегународната организација на трудот ) и Европската и глобалните синдикални организации;
– Да се осигура дека просториите и документацијата ќе се вратат на локалните синдикати;
– Да се почитува Самостојниот синдикат на работниците од енергетиката рударството и индустријата и да се вклучат во подружниците за да се разговара за ситуацијата. Да се најде решение кое ќе го овозможи функционирањето на синдикатот и неговите активности, така што членовите на синдикатот и нивните претставници ќе можат да ја вршат својата работа без да бидат малтретирани за нивните синдикални активности.
Од ЕЛЕМ и Миновски и по 3 дена нема никаква реакција во однос на писмото упатено до него.