Со заем од Меѓународната банка за обнова и развој за финансирање на проектот за итно справување со Ковид-19, Собранието вчера го донесе Законот за задолжување на Република Македонија во висина од 90 милиони евра. Со овој нов заем, граѓаните се втурнуваат во ново задолжување, дотолку повеќе што и воопшто не е јасно за што точно ќе се трошат тие пари. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната собраниска седница ја обвини власта за нетранспарентност и неотчетност, бидејќи нема никакви објаснувања за што точно ќе се трошат тие средства.
-Зошто токму во Фондот ќе се префрлаат толку многу пари не е јасно. Дали се планира да се поддржи финансиската одржливост на Фондот за здравствено осигурување, бидејќи таму постои финансиски проблем. Дали тоа е да се покрие дупката направена од претходниот негов директор, праша пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Марија Петрушевска.
Ако се земат впредвид крими-аферите на претходниот директор на Фондот, Ден Дончев тогаш логично е пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, а и граѓаните да се посомневаат дека тие 34 милиони евра власта ќе ги употреби за пополнување на дупката во ФЗОМ кој ја направи токму тој додека раководеше со Фондот. Но, Јавното обвинителство тогаш покрена истрага, но не потврди и не откри детали дали станува збора за поголема афера во која Дончев е вмешан, бидејќи како што знае целата јавност истрагата би можела да стигне како до Зоран Заев.
Обвинителството за организиран криминал преку Управата за финансиско разузнавање само утврди дека Дончев во 2018-та година добил 3 милиони денари или околу 50 илјади евра од македонска компанија регистрирана за интернет-портали со седиште во Муртино “Ремаркет ” чии приливи пак, доаѓале исклучиво од австралиската “Мегантик”.
Името на екс директорот на ФЗОМ се поврзуваше и со аферата “Рекет 2” во која сопственичката на “Диамед” го обвини дека се обидел да спречи странска инвестиција да влезе во Македонија. И тогаш против Дончев и против министерот за здравство Венко Филипче е поднесена кривична пријава, во која оштетената скопјанка Вера Иванова тврди дека двајцата сториле кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување. Во пријавата се вели дека двајцата ја оштетиле и неа, но и буџетот на Република Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во државата вредна 11,5 милиони евра.