петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Власта ветуваше решение за депониите, граѓаните се уште се трујат

Власта ветуваше решение за депониите, граѓаните се уште се трујат

Владата нa СДСМ, како и со сите други ветувања, заборавија и на ветувањата за справување со проблемот со отпадот. Откако ги презеде надлежностите врз општините и регионите, власта се чини заборави на проблемите на стружани и тетовци, на справувањето со комуналниот отпад, решавање и изградба на регионални депонии, обезбедување на пари за нивна реализација

Новите пожари во депониите во Новаци и на на други отпади се потсетник на овој проблем, кој власта го заборави веднаш по локалните избори.

Претходната со поддршка на ИПА фондовите изработи техничка и тендерска документација за почеток на градба на регионални депонии во источниот, североисточниот и во југозападниот регион, се обезбедија и пари за затворање на старите сметилишта и набавка на комунална опрема, но таа активност никако да почне. Ако имаше време  пред локалните избори тендерите за градба да бидат распишани, оваа влада сега на големо ќе ги претставуваа нив како свои проекти.

Власта засега не само што нема никаква стратегија и план за решавање на овој голем еколошки проблем што ги засега сите граѓани на Република Македонија, туку со своето неработење го загрозуваат и здравјето на граганите во поголемите градски средини, како Скопје, Куманово, Тетово, Кичево, Струга, а деновиве и Битола.

Во март годинава Заев потсетуваше дека земјата има повеќе од 50 депонии што се користат од страна на општините за депонирање отпад. Сите се со висок, среден, или низок ризик, и ако на тоа се додадат и дивите, неконтролирани депонии, реакциите на граѓаните се со право.

-Ако сакаме да работиме во интерес на граѓаните, решавањето на отпадот мора да се реши веднаш. Сега е време да го промениме тоа. Да ја промениме оваа слика за Република Македонија, во земја која ќе ги прифати и ќе ги следи најдобрите европски искуства за управување со отпадот. Во Македонија се неопходни регионални депонии за решавање на проблемот со отпад и за поздрава животна средина. Градоначалниците на секој регион треба да донесат одлука кој модел ќе го прифатат, дали ќе искористат средства од европските фондови, дали ќе одат на модел на јавно-приватно партнерство или ако регионот има можност – сами да финансираат изградба на регионална депонија, рече премиерот Заев.

Институциите надлежни за овој проблем, пред се Министерството за животна средина, како да немаат план што да се преземе да се реши овој проблем.Екологијата е големо прашање во ЕУ, а со вакви нерезултати преговорите во оваа област ќе бидат тешки.

Најнови вести