Прво беше донесена одлуката дека хронично болните мора да се вратат на работа и беа ставени пред свршен чин, па отпосле беше закажана средбата на министерот за здравство Венко Филипче со нивни претставници, односно нивните здруженија со цел тие да ги дадат нивните предлози за нивно враќање на работа. Ова е односот на власта кон оние кои се најзагрозени и може многу лесно да дојде до компликација па дури и до губење на нивниот живот во случај да се заразат со коронавирус на нивните работни места.
Иако тие до владата доставија барање за пред да се вратат на работа да се изготви листа на коморбидитети кои се појавуваат кај лицата починати од КОВИД-19 со цел да се процени ризикот и да се утврди кои од нив може безбедно да се вратат на работа, а оние кои се со највисок ризик на смртност и понатаму да останат дома.
Ваквото враќање на оваа категорија на лица беше критикувана и од страна на стручни лица како што е и професорот на Медицинскиот факултет, Никола Пановски кој во интервју за Канал 5 ТВ зборувајќи за отварањето на градинките и одлуката за враќање на хронично болните на работа ја нарече тотална неподготвеност на институциите.
-Училиштата требаше да се отворат многу порано, а за прво одделение и прва година средно со физичко присуство, за да се запознаат со наставниците. Сепак, ова е тотална неподготвеност и плус со тоа кога ќе ја додадете и одлуката за враќање на работа на хронично болните лица, изјави Пановски.
После ваквите избрзани одлуки без претходна анализа со цел безбедно враќање на хронично болните на работа, се поставува прашањето дали и кој ќе сноси одговорност доколку враќањето на работа на оваа деликатна категорија на граѓани резултира со губење на животот на некој од нив?