Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози.
На регионалниот патен правец Р2246 Бошков Мост – с.Извор, на делот крак – с.Лазарополе, поради изведување градежни работи на пат (асфалтирање), од 24.06.2020 (среда), сообраќајот ќе биде во целосен прекин секој работен ден и сабота од 11:00 ч. – 13:00 ч. Овој изменет режим ќе трае се до завршување на градежните работи.
Владата на Република Македонија на 69-та седница донесе одлука од денес, 17 јуни, да се отворат сите гранични премини во земјата со примена на мерките што се активни, при што за влез во Северна Македонија е задолжително да се приложи валиден негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа. Останува и мерката за потпишување „Изјава за задолжителна самоизолација во траење од 14 дена“, врз основа на која Државниот санитарен и здравствен инспекторат изготвува Решение за здравствен надзор и домашна самоизолација, која ја контролира МВР.
Исто така останува во сила и мерката за државен карантин во траење од 14 дена, за сите граѓани или странци со регулиран престој во земјава, коишто при влез на територија на Република Северна Македонија нема да приложат валиден ПЦР тест или ќе приложат невалиден ПЦР тест.
Владата го дополни Протоколот за непречен транзит на странски државјани низ територијата на Република Северна Македонија, и од денес протоколот овозможува влез на сите гранични премини на државјани на други држави за транзитирање низ територијата на Република Македонија.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.