Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Битола денеска обвини дека новото раковотство на Рек Битола продолжува со притисоци кај вработените користејќи го наводно независниот синдикат.
-Се занимаваат со поделби и дискриминација на вработените, се занимаваат со незаконски и нелегитимни постапки преку истиот но уште пострашно е што тоа го признаваат преку смешни и банални соопштенија а за тоа никој не превзема одговорност. Наместо да се грижат околу исполнување на предизборните ветувања околу модернизација на опремата, чист воздух и животна средина, продолжуваат со присилното зачленување во партискиот синдикат. Секојдневно потврдуваат дека освен склучувањето на тендери во четири очи како и притисок и контрола на вработените неистомисленици, на раководството на СДСМ во РЕК Битола друго и не им е битно и немаат намера да превземат активности и да го донесат животот во Битола, изјави советникот од ВМРО-ДПМНЕ во советот на општина Битола, Викторија Христовска.