Дарко Каевски не знаеше да наброи еден капитален проект кој го направија градоначалниците на СДСМ, единствен капитален проект беа 3-те стана и 4 милиони на сметка, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.
„ Каевски стана најмладиот милионер во Македонија, тој со државна плата стигна до милиони на сметка. Градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ за 100 дена имаат направено многу повеќе од нивните претходници од СДСМ за 4 години. 1.090 проекти се почнати или завршени во општините каде градоначалниците се од ВМРО-ДПМНЕ.
Во Охрид е почнато ново булеварско решени, во Битола се реконструира стадионот, во Аеродром сите градинки добија фотоволтаични кровни конструкции, нова канализациска инфраструктура во делови од Гази Баба и Кисела Вода, во Бутел се уредува кејот на Серава, во Гевгелија се реконструира центар за култура, во Велес и Кавадарци при крај се изградбите на објекти за затворен пазар, во Радовиш е пуштено во употреба основно училиште, во Прилеп се реконструира плоштадот и се врши доизградба на детска градника, во Ѓорче Петров се прави нова канализациона мрежа. Нема општина кај што нема по неколку проекти“ се наведува во реакцијата на опозициската партија.