вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија: Ветуваа живот за сите, излезе дека државата е собрана во теснопартиска елита

ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија: Ветуваа живот за сите, излезе дека државата е собрана во теснопартиска елита

Како да се опише овој период во кој наместо да се вложува во сериозни потфати, се случија гафови и почетнички грешки, на коишто не им се согледува крајот?, прашуваат од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија.

-Ни, ветуваа слободна држава, живот за сите, во пракса излезе дека државата е собрана во една теснопартиска елита и дека животот дојде само за неколку нивни фамилии. Ни, ветуваа дека просечната плата ќе биде 500 евра и дека ќе биде привилегија и чест да се биде лекар со минимална плата од 100.000 денари. Но, горката живеачка ни укажува дека сонот за платата очигледно ќе го остварат во некоја западно-европска земја, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија.

Оттаму велат дека дошло време градежните работници да чекаат на шалтерите на Агенцијата за вработување, појаснувајќи дека нема градежна офанзива и со тоа Македонија се враќа во 19. век.

-И сега искрено да ве прашам, ама онака искрено! Ги возите ли вашите автомобили како порано? Ви преседна ли цената на нафтата и бензинот деновиве? Среќни ли сте што акцизата порасна за 3,5 денари?, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија.

Оттаму потенцираат дека власта вети оти Репубика Македонија ќе влезе во Европската Унија и НАТО, но одека не кажаа оти треба да ја свиткаме кичмата и да се откажеме од името, јазикот и идентитетот.

-Ниту јас, а верувам ниту и Вие не сакаме да живееме во ваква понижена и деградирана Македонија. Затоа ве покануваме сите сложно на 2-ри јуни во 16:30 од пред спортска сала 26-ти Април во Гевгелија заедно да се упатиме кон Скопје на масовниот протест со кој ќе кажеме, велат од ОК ВМРО-ДПМНЕ Гевгелија.

Најнови вести