четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: Земјоделците се на раб на егзистенција- наместо живот, Заев донесе смрт за земјоделските производи

ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци: Земјоделците се на раб на егзистенција- наместо живот, Заев донесе смрт за земјоделските производи

Поради ниските цени за најзастапените вински сорти грозје вранец и смедеревка, лозарите во Тиквешијата се пред одлука во наредниот период да ги ископачат лозовите насади. Врнежите од град, како и болестите пламеница и пепелницата која ги зафати лозовите насади поради временските услови го намалија родот на грозјето за речиси 40% во Тиквешијата, додека за речиси исто толку проценти се зголемени трошоците на производство, сега кога винарските визби имаат недостиг од грозје беше моментот лозарите да добијат пристојни цени за грозјето, истакна Гоце Ангеловски од ВМРО-ДПМНЕ Кавадарци.

-Политиката на винариите е го земат грозјето на лозарите за што е можно пониска цена. Но, министерот за земјоделие Љупчо Николовски е тука за да ги менаџира процесите за формирање на цените и да и решава проблемиете на земјоделците.  Впрочем и самиот Љупчо Николовски во предизборниот период ветуваше дека е тука и дека ќе ги брани нивните интереси. Земјоделците се на раб на егзистенција. Зоран Заев ветуваше дека кога ќе дојде на власт проблемите на земјоделците ќе бидат решени. Но, сега не само што не се решени туку земјоделците се оставени сами на себе. Заев изјави дека ако земјоделците имаат пари ќе живеат и градовите. Но, наместо живот, Заев донесе смрт за земјоделските производи.

Според него, Владата на СДСМ и Зоран Заев се штета за македонското земјоделие и земјоделците.

-Од кога оваа влада направи пустош со праските, со зелката, со доматите со оризот, со сливите,сега на ред дојде и лозарството. Освен распродажбата на националните интереси преку штетниот договор со  Грција каде што јасно се гледа уништувањето на македонскиот национален идентитет,договорот со Бугарија каде се брише историјата на Македонија,покрај секојдневното културно уништување на државата, покрај уништувањето на духот на македонецот,оваа влада уште еднаш удри по столбот на Македонија а тоа е македонскиот чесен и вреден земјоделец кој произведува квалитетни земјоделски производи познати низ целиот свет. Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Кавадарци уште пред два месеци ја повика владата да се вклучи во менаџирање при формирањето на цената на грозјето, меѓутоа наидовме на ароганција и целосно заобиколување од страна на институциите, а за разлика од нив политичката партија СДСМ која ги узурпира институциите во државата, преку евтини политички изјави ги демантираше апелите кои доаѓаа од ВМРО ДПМНЕ, рече Ангеловски и додаде:

„Заев и Николовски го потценуваат трудот на производителите. Нема ништо од ветувањата на СДСМ за евтина зелената нафта на земјоделците. Заев и Николовски единствено што прават е креирање на хаос во земјоделието. Недозволиво и крајно неодговорно е неспособноста на Заев, Николовски и владата на СДСМ да ја трпат земјоделците. Зелената нафта одамна не ја спомнуваат, додека акцизата од 3 денари по литро нафта се уште е на товар на македонскиот народ, со исплатата од 600 денари по декар за обештетување од ланските пролетни мразеви целосно го потценија македонскиот земјоделец. Наместо да понудат конкретни решенија на проблемите на земјоделците Заев ја задолжува државата и граѓаните, а на сметка на тоа си ги задоволува сопствените интереси и интересите на неговите блиски соработници. Додека Николовски и Заев продолжуваат отворено да манипулираат со земјоделците, сметките на луѓето блиски до власта се полнат со милионски суми. За Македонија да оди напред, а граѓаните да живеат подобро, СДСМ, Заев и Николовски мора веднаш да си заминат“.

Најнови вести