недела, 10. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава за Георгиевски и советниците кои на насилен и криминален начин гласаа и го донесоа ребалансот на општинскиот буџет

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривична пријава за Георгиевски и советниците кои на насилен и криминален начин гласаа и го донесоа ребалансот на општинскиот буџет

Борче Георгиевски старо-новиот пулен на Зоран Заев за Гази Баба, брутално и насилнички го презеде советот, го исклучи претседавачот на советот и украде 150 милиони денари од од општинската каса на Гази Баба . Со една цел- изборен поткуп, истакна на вонредната прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски откако претходно со кршење на процедурите иделовникот беше донесен ребалансот на буџетот.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес конференцијата на Стоилковски:

-Цели 31 час непрекинато траеше седницата на која советниците на ВМРО-ДПМНЕ го спречуваа грабежот. Спречуваа грабеж и втор ребаланс на општинската каса за само 20 дена. Борче Георгиевски нервозен и во паника зошто не му поминува криминалот направи уште еден криминал и сам донесе одлука за ребаланс, надвор од закон и секоја правна логика. И тоа се откако дозна дека е повторно кандидат за гарадоначалник миленик на Заев.

Георгиевски ја злоупотреби својата службена положба и овластување, и на насилен начин спротивно на закон донесе одлука за гласање на ребалансот на буџет, иако не е претседавач на советот.

Георгиевски е исплашен и до гуша заглавен во криминал.

Видео снимката која ќе ја пуштиме во прилог на оваа изјава покажува како Георгиевски го крши законот, и на сила без правен основ донесува одлука за ребаланс на буџетот.

Ова е кривично дело за кое и Георгиевски и советниците кои гласале ќе сносат одговорност и за кое ќе се најдат пред лицето на правдата.

ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе кривични пријави и против Георгиевски и против советниците кои го гласаа ова незаконие.

А доколку казна нема сега, ќе има по воспоставувањето на правната држава.

Злоупотребите и крадењето се синоним заедно со насилството за СДСМ. Тоа мора да запре. Нема полошо за Македонија, нема полошо од нејзините криминалци за вашите општини, рече Стоилковски.

Линк од ве трансфер од денешната седница во советот на Општина Гази Баба:

Најнови вести