сабота, 9. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ Маврово-Ростуше: Нема услови за живот, но има работа за синовите, ќерки и татковци на луѓето од власта на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ Маврово-Ростуше: Нема услови за живот, но има работа за синовите, ќерки и татковци на луѓето од власта на СДСМ

Од ВМРО-ДПМНЕ Маврово Ростуше велат дека илјадници сограѓани го напуштаат овој крај затоа што тука нема работа, нема услови за живот, но затоа работа има за синовите, ќерки и татковци на луѓето од власта на СДСМ.

-Ветуваа живот, донесоа непотизам, приваризација и партзација на јавните институции. И затоа,
НЕПОТИЗМОТ и вработување исклучиво на ПАРТИСКИ послушници е нај омилен проект на СДСМ во Маврово и Ростуше.

Во последниот месец се реализираа две непотистички вработувања и вработување на еден ”млад” партиски војник од 61 година кој за прв пат во неговиот живот конечно се вработил во Општина.

Синот на директорот на “ЈУ Национален парк МАВРОВО” е вработен во Полиција во Гостивар како Инспектор,

Сопругата на Драгољуб Даци Филипоски, Пратеникот на СДСМ од Гостивар е вработена во “ЈУ Национален парк Маврово”,

Тодор Динговски член на СДСМ 61 година возраст за прв пат е вработен во Општина (на кој нај веројатно од страна на градоначалникот дадено му е усмено овластување како ЗАМЕНИК ГРАДОНАЧАЛНИК ЗА МАВРОВСКИ РЕГИОН).

речиси една година одкако завршија повторените локални избори старо-новиот Градоначалникот не успеа да реализира ниту еден проект, освен тоа што се поднови со НОВ службен автомобил од речиси 50 000 (педесет илјади) евра, стои во објавата.

Најнови вести