Албан Зогај, заменик градоначалник на Приштина на вториот ден од политичкиот „Саем на промените што носат иднина“, на трибината Локална самоуправа и меѓународната соработка – искуства, предизвици и перспективи потенцираше дека меѓународната соработка има важно место во агендата на општина Приштина.
Имаме големо искуство а има и големо присуство на донаторите, односно меѓународни финансиски институции. Оттука ќе споменам неколку активности како онаа со Светска банка од каде имаме грант од 100 милиони евра за да почне обновување на зелените површини, со ЕБРД имаме проект за енергетска ефикасност од 6 милиони евра, со УСАИД работиме на милениумските предизвици како изградба на соларни панели, рече Зогај укажувајќи дека во процесот на соработката треба да се стави акцент и на соработка меѓу градовите.
Има простор да развиваме соработка со Тирана, Скопје, Подгорица со овие градови д регионот имаме слични предизвици, вели Зогај.
Александар Спасеновски, универзитетски професор посочи дека овој настан е еден добар потег и е во насока на зголемување на отчетноста, транспарентноста и професионалниот однос кој што треба да го имаат политичките партии кон граѓаните.
Како професор по предметот локална самоуправа навистина би сакал да го поздравам овој настан заради тоа што секако тоа претставува начин како меѓународни, светски трендови поврзани со менаџирањето на општините и соодносот на политичките партии кон гласачите треба да се случуваат и се случуваат во нашата држава односно во Република Македонија. Искрено верувам дека од овој настан ќе произлезат интересни идеи и мислам дека ова ќе претставува еден добар потег во насока на зголемување на отчетноста на транспарентноста, на професионалниот однос кој што треба да го имаат политичките партии кон граѓаните кои ги избираат нив гласајќи за нивните кандидати на локалните, парламентарните и на претседателските избори, рече професорот Спасеновски.
Професорот Спасеновски во текот на своето обраќање потенцираше дека ветувањата и отчетноста се две категории кои постојано треба да бидат присутни во политиката.
Ветувањата и отчетноста се две категории кои постојано треба да бидат присутни во политиката. Ветувањата се збирот на проектите и збирот на јавно искажаните зборови кои политичарите ги имаат соопштено и ги имаат кажано, се имаат претставено со нив пред граѓаните. Но, отчетноста од друга страна го претставува односот на градоначалниците во случајот кон дадените ветувања за време на изборите. Доколку се навраќаме на ветувањата тоа зборува и за нашиот однос кон граѓаните и за нашата цел да бидеме отчетни носители на јавни функции кои што имаат заложба, интерес имаат цел нивниот мандат да не заврши на истекот од четвртата година, туку да продолжи во следните 4 години бидејќи со еден таков коректен разумен демократски однос кон своите граѓани, носителите на јавни функции, избраните функционери, градоначалниците на нашата држава ги стекнуваат најголем дел од претпоставките да бидат прифатени од страна на граѓаните како коректни носители на јавна функција односно како личности кои ја правдаат довербата дадена на изборите заради тоа што имале однос кон граѓаните и заради тоа што исполниле ветувања, кажа професорот Спасеновски.
Тимчо Муцунски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека новата генерација на градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ започнаа да ја менуваат таа една стигма која што беше поврзана со меѓународните односи и локалната самоуправа, каде што тој процес се сметаше само на патувања каде што имаше многу сликање и многу поздравување, а ништо суштински не се правеше. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ меѓународната политика низ призмата на локалната самоуправа започнаа да ја прифаќаат како еден концепт каде што се реализираат опипливи проекти во интерес на граѓаните.
Јас би сакал да издвојам неколку примери што ние ги имаме, првиот ни е тоа што го спомена господинот Спасеновски, едниот од столбовите на мојата кампања беше Аеродром – Општина со нула корупција. Ние не очекуваме дека тоа ќе го решиме во период од еден месец, една година, тоа е процес кој што бара време, кој што бара промена на организационата култура во рамките на една општина. Но, ние уште од првиот ден во соработка со нашиот партнер Конрад Аденауер, и правниот факултет „Јустинијан Први“ опфаќајќи и меѓународна организација, но е и институција која што има огромен број на експерти кои што ја познаваат оваа проблематика, почнавме да преземаме конкретни чекори. Прво ја градиме јавната свест дека имаме проблем со корупција, кој што мора да се реши. Второ подготвуваме документи кои што на нас како Општина ни укажуваат каде ни се ризик факторите, работиме со експертите од гледна точка на обука на администрацијата и се случи еден таков процес. И доаѓа моментот каде што ние како Општина почнуваме да ги применуваме насоките и препораките дадени од страна на експертите. Со очекување дека во еден мандат ќе има значително подобрување и во перцепцијата за корупција, но и за самата борба против корупција, појасни Муцунски.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека во последната година може да се слушнат многу ставови, многу граѓани кои што имаат еден или друг став за работењето на градоначалниците, но никаде не се слушна дека има корупција или да се докаже постоење на корупција.
Втор проект кој што би го истакнал преку нашата соработка со ЕУ во третиот месец од мојот мандат потпишав договор заедно со делегацијата на ЕУ, но и со амбасадата на Швајцарија за финансирање на проектот за над 800.000 евра во делот на рециклирањето, во делот на управувањето со отпадот. Веќе почнуваме со имплементација на тој проект, првите локации каде што ќе можат граѓаните да пристапат кон нив за да се стимулира тој процес на рециклирање, веќе ќе отпочне со функционирање во следните неколку месеци. Што значи почнуваме да се движиме кон тие европски стандарди и европски теркови без притоа ниту едно евро искористено од страна на нашиот општински буџет. Проект целосно финансиран од ЕУ и од Владата на Швајцарија, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Тој додаде дека третиот проект кој што сака да го сподели денеска е процесот на дигитализација на Општината. Се направи апликација М – заедница Аеродром, која што беше на точно нула денари исто така трошок на Буџетот на граѓаните на Аеродром. Таа апликација беше подготвена и одржувана од страна на невладина организација Блинк 42-21, но притоа таа организација најголем дел од своите средства за реализација на ваквиот проект ги црпи токму од организацијата ИРИ која е партнер на ВМРО-ДПМНЕ.
Мора да го менуваме вредносниот систем во локалната политика. И мораме да направиме се што е возможно нашите контакти меѓународни да ги искористиме за да на граѓаните им обезбедиме подобар живот и ќе повторам да реализираме опипливи проекти во нивен интерес, заклучи Муцунски.
Даниел Браун, официјалниот претставник на фондацијата Конрад Аденауер преку видео обраќање ја поздрави идејата за организирање на политички саем и се осврна на работата на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ во изминатата година.
Тие истуркаа многу проекти, иако знаеме дека има уште многу кон што треба да се насочи вниманието, рече тој.
Браун дополнително ги потенцираше предизвиците кои енергетската криза ги носи со себе и ја реафирмираше соработката помеѓу фондацијата и ВМРО-ДПМНЕ.
Ние, како Фондација Конрад Аденауер, цело време нудиме поддршка со нашите активности на тоа ниво и можете да сметате на нас дека и во иднина ќе бидеме ваши лојални и блиски партнери, со цел да му помогнеме на нашето семејство од Европската народна партија, на нашите градоначалници тука во македонската држава, како и во Косово и на други места во регионот, за да можат да се развиваат и да бидат успешни во справувањето со заедничките политички предизвици и задачи во иднина, посочи Браун.
Пред присутните се обрати и Илина Мангова, програмски директор на ИРИ, која истакна дека Меѓународниот републикански институт ИРИ во Македонија долги години ја следи работата на политичките партии и владата и од пред 5 години повеќе внимание обрнува и на локалната самоуправа и тоа е со цел да се информираат органите на национално и локално ниво и партиите за она што граѓаните го идентификуваат како проблем.
Таа посочи дека направено е огромно истражување во 18 општини со 21 фокус група во 2021 година и тоа што го пред изборите го забележале е дека задоволството или незадоволството на граѓаните тргнува од начинот на кој ги доживуваат градоначалниците, локална самоуправа и тоа е низ една рамка која не е дискутирана на политичко ниво, Односно на начинот на кој градоначалниците се однесуваат и на начинот на кој ги носат резултатите.
Однесувањето на градоначалниците и општинската администрација луѓето го ценат ако е транспарентно отчетно и доколку комуникацијата е двонасочна. Многу често комуникацијата е промотивна, еднонасочна, граѓаните не знаат до кого да се обратат и да им ги реши проблемите. Затоа сакам да ги поздравам воведувањето на М заедница во Аеродром и Кочани и други општини, и овој начин на континуирана комуникација носи впечаток дека општината се грижи за нив и дека општината ќе им возврати. Кога сме кај видливи резултати, она што им прави разлика на граѓаните е кога ќе прошетаат низ општината да видат промени од тоа што е претходно и да има системски решенија и дека интервенцијата не е за една година или 4 години туку на долгорочно ниво, рече Мангова.
Како последен говорник на денешната трибина се обрати Стефан Андоновски, меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ кој посочи дека заклучокот од изминатата една година локална е дека и без потпишување на штетни национални договори може да се гради силна соработка со општините помеѓу државите.
Имам еден политички заклучок после година дена на општините, а тоа е дека и без потпишување на штетни национални договори можете да градите силна соработка со општините помеѓу државите. И тоа единствено можете да го направите со многу работа. Имено меѓу првите совети кои што ги дадовме на идните тогаш градоначалници на една политичка академија организирана од Конрад Аденауер само на неколку дена пред почетокот на кампањата за локалните избори беше досадувајте им на нашите меѓународни партнери со проекти, со идеи и концепти за во иднина. И тој совет некако како веднаш да се реплицираше после преземањето на власта во општините и градоначалниците и нивните тимови веднаш започнаа со реализација внатрешна, екипирање на секторите, но и самите градоначалници. И одеднаш ги гледате на сите буквално настани организирани во Македонија, присутни минимум тројца, четворица градоначалници од различни региони, трчаат бараат помош и поддршка и од меѓународните организации и од странските амбасади во Македонија затоа што ќе признаете дека таа соработка постоела, била присутна, средствата стоеле, но во голема мера не биле реализирани или соработката не била во пракса воспоставена, или не била во корист на граѓаните, обајсни Андоновски.
Меѓународниот секретар Андоновски кој е и член во Советот на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ апелираше градот Скопје да го продолжи проектот ЕУ за општинита, бидејќи како што рече информациите говорат дека во последните шест истиот е запрен.
Многу се важни две фази, едната е да ги продолжите проектите кои што биле започнати, но за волја на вистината малку, или проектите за кои што веќе сте добиле финансирање и тука би сакал да ги пофалам градоначалниците, бидејќи во програмата ЕУ за општините во која што учествуваат четири или пет општини кои во моментот се раководени од градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ засилена е соработката, се реализираат тие проекти. Би сакал да апелирам и за другите градоначалници, а тука особено ќе си земам за право како член на Советот на Град Скопје за скопскиот проект ЕУ за општините, да апелирам да се продолжи проектот да не се запира, затоа што информациите за жал говорат дека во последните шест, седум месеци е запрен, изјави тој.