Грѓаните ќе почекаат уште неколку неколку месеци, а можеби и години со започнување на изградбата на новите автопатишта Тетово- Гостивар- Кичево, потоа Струга- Ќафасан, како и автопатско решение Прилеп-Битола. Владата местејќи го тендерот за надзор вреден вреден над 22,9 милиони евра, го пропаднаа проектот вреден од над 2 милијарди евра за изградба на 3-те автопатски делници, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека нема тендер за некоја капитална инвестиција криминалната власт на СДСМ и ДУИ да не го наместат и да украдат голем дел од парите на граѓаните.
– Научени се само да крадат, никако нешто да изгрдат. Пропаѓаат пари од европски фондови, патиштата кои започнуваат да ги градат, не ги доградуваат. За ова сведочи автопатската делница Кичево – Охрид кои веќе 6 години тапкна во место и еден километар асфалт немаат поставено. Реконструкцијата на автопатот Петровец- Каталаново од само 5 километри веќе пола година е нефункционален и се вози во една лента, а нема ниту тронка надеж дека во догледно време ќе биде завршен, токму заради пропаднат тендер, пари добиени преку европските фондови. Ама за тоа експресно ги изградија патарините на автопатот Миладиновци-Штип. Најголема штета заради криминалот на власта на Ковачевски трпат фирмите, бизнисите но и граѓаните, а Ковачевски мува не го лази, се појаснува во партиското соопштение.
ВМРО-ДПМНЕ додава дека за целиот грабеж и за секој криминал ќе има одговорност и за многу брзо тендер владата на Ковачевски ќе замине во историјата како најнеуспешна влада. (МИА)