сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ: Молчи Бочварски за скандалозното вработување на сопругата и балдазата во ист ден во штипската болница веднаш од „клупа“

ВМРО-ДПМНЕ: Молчи Бочварски за скандалозното вработување на сопругата и балдазата во ист ден во штипската болница веднаш од „клупа“

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека непотизмот и злоупотребата на позиции станаа синоним за владеењето на клептоманската СДС.

-Вработувањето на сопругата и балдазата на министерот Бочварски се само потврда за тоа. Имено тие две во ист ден, без оглас, биле вработени во штипската болница. Се работи за општи доктори коишто немаат ниту шестмесечен стаж по дипломирање, а се вработени во специјалистичките оддели на Интерна и на Педијатрија во Клиничката болница – Штип. Ова ухлебување веднаш од ученичка клупа следи еден месец откако Бочварски стаил во брак.

Бочварски молчи. Молчат од Штипската клиничка болница, молчат од министерството за здравство. Очигледно сите се фатени во длабок офсајд. ДКСК е должна да го провери овој случај и да се произнесе за него. Недозволиво е за ваков скандал да се молчи. Зарем е нормално вакво фамилијаризирање да се случува и никој да не реагира, се наведува во соопштението на партијата.

Дополнително, Бочварски наместо да изигрува главен кадровик во здравството, треба да излезе јавно и да објасни како ги ухлебил сопругата и балдазата во јавното здравство. Ваквото самоволие на власта на антимакедонската СДС мора да престане. Мора да има одговори и одговорност.

Најнови вести