вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ Охрид ги повика сограѓаните на големиот антивладин протест: Време е да падне оваа ненародна власт

ВМРО-ДПМНЕ Охрид ги повика сограѓаните на големиот антивладин протест: Време е да падне оваа ненародна власт

Дојде време да ја победиме темнината којашто надвиснала врз нашата Татковина. Секаде каде што има обединување таму е и победата. Време е да падне оваа ненародна власт. Дали охриѓани живеат подобро во однос на претходната година? Дали има повисока пензија? Дали младите имаат повеќе пари и повеќе работа?

Овие прашања денеска ги постави претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Донев, потенцирајќи дека СДСМ ветуваше живот и општество за сите, но оти животод дошол само за тие во врвот на таа партија.

– Една година централна и шест месеци локална власт исполнети со хаос, лицемерие и неработење, безидејност, политичка агонија, незнаење, бркање од работа на долгогодишни искусни вработени и брутална партизација на локалните и државни институции. С`е што вети СДСМ не оствари. Охрид и Македонија со СДСМ на власт тонат. Од животот кој го ветуваше СДСМ досега само се видоа планови за поскапување, зголемени трошоци за живот и осиромашување на граѓаните. Скандалозна одлука за поскапување на водата, за охриѓани нема ниту денар, ниту пак солидарност како обештетување за штетите од земјотресите, назначување на членови на управни и задзорни одбори спротивно на законот, цвета бизнисот на урбаната мафија која експресно воскресна. Охриѓани со поплавите имаа директни штети и загуби поради неспособното менаџирање и ненавремената реакција на Власта и АД Елем, рече Донев.

Вели дека поминала една година откако СДСМ е на власт и неосновано ја стопираше изградбата на автопатот Кичево-Охрид.

Прекината е изградбата на затворениот базен. Стопирана е и изградбата на специјалната боница Свети Еразмо. Прекинат е проектот за Центарот за култура како и изградбата на Конгресниот центар. Дали прекинувањето на овие значајни проекти за Охрид, значат живот за Охрид и охриѓани? За Македонија и за нашата иднина вреди да се бориме. ВМРО-ДПМНЕ ги поканува сите обесправени, разочарани и излажани од СДСМ утре во 15 часот кај Суна да се приклучиме заедно сплотени за масовно присуство на големиот антивладин собир вечерта во 20 часот пред Владата на Република Македонија. Да тргнеме во оваа битка и конечно да ја поразиме оваа ненародна власт којашто и се случува на нашата Татковина. Да ја одбраниме честа, достоинството и иднината на нашите поколенија, вели Донев.

Најнови вести