Партиските вработувања и неработењето постануваат единствената одлика на локалната власт во Битола предводена од СДСМ, ова денеска на прес конференција го истакна Горан Степановски од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола.
-СДСМ уште еднаш покажаа неумешност при вработување на партиските кадри, доскорешниот вршител на должност на јавното претпријатие водовод, Козаров по завршувањето на првиот мандат на 19 јуни, беше назначен по втор пат за веде директор, за по неполн месец да биде разрешен и на неговото место да биде поставен нов веде директор. Веднаш по поставувањето на функцијата новиот В.Д директор распишува оглас за вработување на раководно лице оперативен менаџер на кој со согласност од Наташа Петровска како единствен кандидат се вработува Козаров, вели Степановски.
Од ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола ја прашуваат градоначалничката која била причината за разрешување на В.Д директорот по неполн месец од неговото назначување?
-Дали можеби поскапувањето на водата или причината е да биде вработен и згрижен, а со тоа и да се зголеми бројот на општинско или по ново на партиско претпријатие водовод. И на крај зошто во повеќето општински претпријатија се уште се В.Д директори или таму не можете да најдете соодветни решенија?, прашува Степановски.