среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола: СДСМ да престане безмилосно да ги троши народните пари и да излезе од виртуелниот свет каде поразите ги претставуваат како победи

ВМРО-ДПМНЕ ОК Битола: СДСМ да престане безмилосно да ги троши народните пари и да излезе од виртуелниот свет каде поразите ги претставуваат како победи

Синоќа во Битола беше испратен во неуспешна мисија од своите ментори Заев и Шеќеринска господинот Стево Пендаровски. Сите ние бевме сведоци дека се обиде со лажните тези за сеење на страв од типот на промена на границите и распарчување на Македонија да ги затскрие криминалните тендери вредни милиони евра и злоупотребата на народните пари од страна на власта, истакнува Силвана Ангелевска од ВМРО-ДПМНЕ БИТОЛА.

-Европските вредности не подразбираат сеење на страв, закани и уцени. Европските вредности не подразбираат делење на милионски суми на пари во четири очи без тендер и вработувања на вашите роднини и пријатели во државните институции. Европските вредности не поздрабираат корупција, уништување на економијата, правосудниот систем, здравството, образованието, земјоделието, вели Анегелвска.

Таа додава дека ВМРО ДПМНЕ е првата партија во Република Македонија со програмска определба за влез во НАТО и ЕУ, но никогаш немада прифатиме асиметричен и предавнички договор со нашиот јужен сосед кој е на апсолутна штета на националните интереси на Република Македонија, на нашиот идентитет, историја и култура. Јазикот, националноста, државјанството и идентитетот се стекнати права и чувства и не може да бидат предмет на уредување со билатерален договор .

-Во тој срамен договор Република Македонијаза жал само се нарекува“втората странa”. За влез во ЕУ и НАТО нам ни се потребни суштински реформи, а од реформа во повеќе од една година оваа влада ја нема ни буквата “р”. Затоа, господа социјалдемократи,  престанете со безмилосно трошење на народните пари и излезете од виртуелниот свет каде поразите ги претставувате како победи. Народот ги препозна вашите лаги и манипулации и за многу кратко ќе го каже својот збор.Македонија е на македонскиот народ и само тој има право да одлучува за неа, рече Ангелевска.

Најнови вести