петок, 8. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево: „КОНЦЕПТ 800+” е наш влог за иднината на Делчево

ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево: „КОНЦЕПТ 800+” е наш влог за иднината на Делчево

На прес конференција Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево го презентираше својот “КОНЦЕПТ 800+” за граѓаните на Делчево.

Повеќе претставници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Длечево од највисокиот извршен орган на партијата на локално ниво презентираа повеќе генерални карактеристики на “Концепт 800+” кој што според извори од партијата е разработен да биде оперативен план за развој на Делчево по превземеањто на власта од страна на ВМРО-ДПМНЕ на наредните парламентарни избори.

Анастасија Лазарова од ОК на ВМРО-ДПМНЕ го даде воведното образложение за природата и суштината на “Концепт 800+”:

“Почитувани сопартијци, драги делчевчани,

НИЕ НЕМАМЕ РЕЗЕРВЕН ДОМ- НАШИОТ ДОМ Е ДЕЛЧЕВО!

На сите нас тука ни припадна должноста и честа да се избориме за подобро утре.

Ние нема да ви зборувам за лошите состојби во Делчево, затоа што секој еден граѓанин, секој ден се буди и заспива со порази.

Нашата обврска како политичари е да се надвиснеме над сите можни проблеми, меѓусебни недоразбирања во интерес на граѓаните на Делчево,

И уште повеќе за да обезбедиме просперитет на Македонија.

Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево е подготвен за новото време на победи!

ВМРО-ДПМНЕ во Делчево е обединето и силно! Тоа е успех на секој еден член на партијата!

Нашата наредна голема цел ќе биде да создадеме успеси за секој граѓанин на Делчево, за секој жител на нашиот град и приградските населби Басарица и Ѕвегорска Река,

Како и сите села подеднакво: Од село Разловци до село Илиово и село Бигла… Турија, Вратиславци, Селник, Драмче…. од село Чифлик до село Ѕвегор, Град, Вирче, Стамер, Тработивиште, двата Истевници, Очипала, Полето, Косово Дабје…

Сите заедно обединети имаме сила и знаење да го промениме текот на историјата кон подобро!

Делчево и делчевчани тоа го очекуваат од нас!”

-рече Анастасија Лазарова од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.

Во продолжение на прес конференцијата се обрати Потпретседателката на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Марија Сумрачка која изнесе дел од опфатот на предвидени активности како и човечки потенцијал со кој опозициската партија ќе работи во наредниот период со граѓаните на Делчево за подобрување на стандардот за живеење во оваа општина на крајната источна граница на Македонија:

“Во изминатите неколку недели заедно со моите најблиски соработници започнавме со реализација на нов начин на водење на политика кој што сметаме дека кај делчевчани ќе пробуди интерес.

КОНЦЕПТ 800+ е наш влог во иднината на Делчево.

Концептот 800+ подразбира:

-повеќе од 800 проекти за граѓаните од најразличен карактер во сите сфери на општествен живот во Делчево. Имаме капацитет и знаење за развој и подобрување на живеењето во Делчево;

Концептот 800+ подразбира:

-Посветен ангажман на повеќе од 800 активисти со кои заедно ќе пријдеме на секој еден граѓанин на Делчево, да разговараме за сите прашања, да ги констатираме предизвиците и заеднички да најдеме решенија; Секој граѓанин на Делчево е важен за иднината на нашиот град. Секој делчевчанец заслужува внимание од сите нас и со превземање на власта на институциите во Делчево.

-Делчево има над 800 локалитети вредни за внимание на јавноста како и локалните и државни институции. Дали станува збор за природни капацитети и ресурси, историски, културни, верски или спортски објекти и настани… Нашите села, традиционални градби, археолошки наоѓалишта…. Сите тие можат да бидат развиени и афирмирани како препознатлив белег на нашето Делчево во функција на засилување на нашиот локален патриотизам но и како туристичка понуда пред остатокот на светот. Со заживување на традицијата, да изградиме модерна иднина по која заеднички ќе го подобриме животот на сите делчевчани”

-рече Марија Сумрачка- Потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево

Д-р Билјана Гоеоргиевска која што исто така е потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево во своето обраќање пред присутните медиуми се заложи за развој на над 800 еко точки за унапредување на животната средина во Делчево, како и развој на малите и средни претпријатија и граѓанскиот сектор во општината:

“-На Делчево му требаат над 800 еко-точки од каде што ќе започне препород на нашите планини, реки, ливади, шуми, пасишта, полиња… Делчево и Пијанец некогаш беа најчистиот и најживописниот дел од Република Македонија. Денес тоа не е така. Наша должност пред себеси и пред идните генерации е да го возобновиме квалитетниот живот за сегашните и идните генерации преку негување, унапредување и облагородување на животната средина. Со повеќе од 800 еко-точки ќе поставиме пример за тоа како се работи за сегашноста и се чува иднината.

-Во Делчево нашата визија е да има повеќе од 800 мали и средни компании, работни организации и здруженија на кои што им е потребна силна поддршка и помош од институциите на државата. Нашиот човек е трудољубив и работен. Сите заедно да создадеме услови за остварување на сечиј сон за развој и напредок овде во нашето Делчево! Не да ги користиме приватниот и граѓанскиот сектор за политички злоупотреби туку да бидеме нивен доверлив партнер во развојот на стопанството и јавните дејности.”

Александар Николовски од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во своето обраќање во јавноста се осврна на потребата секој жител на Делчево да има достоинствен живот за себе и своето семејство овде во Делчево, како и развој на политики, мерки и активности за соработка со делчевската дијаспора со цел за развој на Делчево.

“ВМРО-ДПМНЕ ПО ПРЕВЗЕМАЊЕТО НА ВЛАСТА НА НАРЕДНИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ, пред себе има голема и света задача да ја врати Македонија на Македонците, на народот… Секој еден човек е важен… и Македонец и ром и турчин и влав и албанец и србин…. секој кој што си го сака родното огниште, да живее заедно со најблиските од неговата фамилија, пријателите со кои пораснал…

-Наша цел ќе биде да допреме до над 800 исселени делчевчани со кои би поразговарале во насока за подобрување на животот во Делчево, за нивните семејства кои останале во родните огништа, па дај Боже еден ден и тие самите да посакаат да се вратат во градот кој го носи името на големиот Гоце Делчев.

Ќе го направиме Делчево посакуван дом за сите делчевчани на кои денес погледот им е свртен кон некоја странска држава… Делчево е нераскинлив дел од голем број делчевчани кои животниот пат ги однел некаде во странство…

-рече Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево.

Претседателот на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Делчево Иван Гоцевски како заклучоци од промоцијата на “Концепт 800+” пред јавноста ги изнесе главните политички пораки за тоа што ќе значи овој концепт за делувањето на ВМРО-ДПМНЕ ОК Делчево во наредниот период:

“КОНЦЕПТ 800+ за подобро Делчево,

КОНЦЕПТ 800+ за народно Делчево за Делчево со силни и среќни делчевски семејства,

КОНЦЕПТ 800+ за Делчево со квалитетно образование, спорт, култура и јавни дејности, Делчево од кое младите и работниците нема да бегаат во потрага по егзистенција и подобар живот, за Делчево кое што ќе биде спокојна животна средина за највозрасните, за пензионерите,

КОНЦЕПТ 800+ за Делчево кое што ќе биде инфраструктурно развиено и поврзано со остатокот од државата, со модерна сообраќајна и енергетска и телекомуникациска инфраструктура.

Тоа е мојата визија, тоа се заложбите на мојот тим а верувам во иднина и на секој еден од вас.

Пред нас претстои многу труд и работа, многу залагања и саможртви. Патот нема да биде лесен, но ве уверувам дека ВРЕДИ!

Да живее ВМРО-ДПМНЕ, да е вечно и просперитетно Делчево.

Да е вечна Македонија!”

-порача Иван Гоцевски- Претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево.

Целата прес конференција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Делчево погледнете ја на видеото во продолжение:

Најнови вести