Градоначалникот Борче Георгиевски продолжува со насилничкото владеење во Општина Гази Баба, ова денеска на прес-конференција го истакна Елизабета Стојменова, советник од ВМРО-ДПМНЕ во Совет на Гази Баба.
-И покрај бројните реакции, големата загриженост и незадоволство на граѓаните на Општина Гази Баба и Град Скопје поради давањето на годишен закуп на градежно земјиште во Железара чија намена е тешка и загадувачка индустрија, градоначалникот Георгиевски остана глув на сите барања и иницијативи на граѓаните за неиздавањето на ова земјиште. Имено, Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија во Општина Гази Баба на последната седница донесе одлука со која се иззема предметната парцела од програмата за работа со градежното земјиште но и ова не претставува преставува пречка Георгиевски самоволно и на сила да ја спроведе постапката и да го издаде земјиштето, потенцира Стојменова.
Таа додава дека советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата За Подобра Македонија во Општина Гази Баба со сите правни средства и можности ќе се спротивстави на ова самовластие на Георгиевски.
-На жителите на Општина Гази Баба и Градот Скопје не им е потребна нова тешка и загадувачка индустрија. Заевизмот како матрица зазема свои големи размери и во Општина Гази Баба, вели Стојменова.